Политика
ДУИ нема да учествува на изборите
Владејачката партија, од редот на Албанците, Демократска унија за интеграција (ДУИ) нема да учествува на изборите на 5 јуни.
Како што потврди партискиот портпарол Бујар Османи во изјава за Press24, неговата партија нема да поднесе кандидатски листи во рокот предвиден од Државната изборна комисија, кој истекува ноќеска на полноќ.Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ се уште нема официјален став, но неофицијално партиски извори велат дека сите опции се отворени, па пред полноќ не треба да се избрзува со прогнози.Опозициската СДСМ од пред некое време излезе со став дека нема да учествува на изборите и нема да поднесе кандидатски листи. Патртискиот лидер Зоран Заев, кој во среда е во посета на Хрватска, во вторник рече дека нема да учествуваат на изборите, затоа што ќе победи, а победата можеби нема ни да му се признае. „Ако се оди на нерегуларни избори тие можат да бидат непризнаени и од Никола Груевски, имајте го тоа во предвид. Опозицијата во моментот е убедена дека ако оди на избори ќе победи и ќе ја добие поддршката. Но, тие избори може да бидат непризнаени и од Никола Груевски и од Али Ахмети како претставници на власта. Зошто? Затоа што нема услови за регуларни, фер и демократски избори. Едноставен е одговорот“, рече Заев.Од опозицската албанска партија ДПА, нема никакви информации, но се шпекулира дека партијата ќе ги следи директивите кои доаѓаат од меѓународните претставници, ДПА, најверојатно, нема да поднесе кандидатски листи до вечерва на полноќ.До сега, само ХДМ на Јанко Бачев, најави дека ќе поднесе листи за кандидати и дека ќе учествуваат на изборите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција
Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.
Исто така, додаде Сајкоски, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид, подобрување на патната инфраструктура кон Ресен, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.
Како што рече Сајкоски, со ова, Битола ќе добие можност за економски раст и развој, можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.
– Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот, рече Сајкоски.
Македонија
Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија, изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица
Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ. Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица. Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
– Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, рече Ковачки на средба со граѓаните.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.