Македонија
Прогресивната алијанса со итна резолуција за Македонија
Преодна влада со мандат за конкретни реформи, независна истрага за наводите од прислушуваните разговори, смирување на тензиите и добри меѓуетнички односи се дел од препораките во Итната резолуција за Македонија усвоена во сабота од Прогресивната алијанса во Ротердем.
Прогресивната алијанса ги повикува сите политички актери да започнат суштествен политички дијалог кој што ќе ја врати довербата во демократијата и клучните институции преку:
Преодна влада, поддржана од сите поголеми парламентарни политички партии, со мандат да спроведе конкретни реформи, вклучително оние кои се однесуваат на интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, цивилната контрола над работата на полицијата и вооружените сили, слободата на говорот и заштитата на таканаречените свиркачи.
Правосудните органи и јавното обвинителство мора да спроведат независна истрага и да покренат обвинение за сите претпоставени злоупотреби сторени од страна на владата и претставниците на владејачката партија.
Сите политички актери и државни институции треба да работат кон смирување на општествените тензии, создавајќи предуслови за остварување на правото на слободно и мирно собирање и/или протестирање од страна на сите политички партии и претставници на граѓанското општество. Многумина беа уапсени по протестите кои започнаа на 5 мај 2015 година. Судските постапки против овие граѓани мора да бидат брзи, соодветни и назависни од било какво партиско влијание.
И покрај политичката криза, мора да се негуваат добри меѓуетнички односи, при што ќе се препознаваат придобивките од Охридскиот рамковен договор од 2001 година и процесот на пристапување кон ЕУ.
„Прогресивната алијанса ги повикува Европската унија и нејзините земји членки да ги поддржат напорите насочени кон враќање на демократските вредности, владеењето на правото, отчетноста и заштитата на човековите слободи и права“, се додава во резолуцијата.
Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во петок и во сабота учестуваше на Конференцијата на Прогресивната алијанса.
Прогресивната алијанса е мрежа на прогресивни, демократски, социјалдемократски, социјалистички и лабуристички партии од целиот свет./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето утре – променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.