Најдени четворица планинари што се изгубиле на Орле, по петтиот се трага

Најдени четворица планинари што се изгубиле на Орле, по петтиот се трага

 

Пет планинари од Скопје се изгубиле на планината Вишештица, обидувајќи се да се искачат на врвот Орле, кај Тиквешкото езеро, од кои четворица биле најдени по потрага со хеликоптер, а по петиот планинар се трага.

Имено, во средата околу 14.00 часот во полициска станица Кавадарци примено е известување дека пет лица, кои планинареле на врвот Орле кај село Галиште, се изгубиле.

Едно од лицата веќе два дена било одвоено од групата, додека четирите лица биле без храна и вода. Во потрага по лицата биле вклучени екипа од Единицата за специјални задачи со хеликоптер со цел нивно пронаоѓање, при што четири лица се пронајдени, а се работи за Н.Б. (33), Б.И. (28), П.Т. (19) и К.Ѓ. (30), сите од Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на петото лице./крај/со/бб