МАКФАКС

НВО-а: Заштитата на Радика е голема победа

НВО-а: Заштитата на Радика е голема победа
14.03.2017, 16:10

Претставници граѓанските здруженија од Дебар и поширокиот регион во вторникот по повод Светскиот Ден на Водата организираа Дебата околу состојбата со водите во регионот на Дебар, центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Оценето е дека со бројните активности и акции за заштита на реката Радика, невладиниот сектор успеал да ја спречи девијацијата на дел од водите на Радика.

Координаторот на активноста Шуип Марку нагласи дека „Дебар токму на овој ден има право да прославува за големата победа за спас на реката Радика“.

Со бројните протести против изградбата на хидроцентралата Луково Поле на територијата на Националниот парк „Маврово“, е спречено изумирање на убавата река Радика, а со тоа и целиот регион, нагласи тој и додаде дека по аргументите кои ги истакнал невладиниот сектор, Светската банка и Европската банка за Обнова и Развој направи елаборат со кој е утврдено дека со девијацијата на водите на Радика и Мала река се врши нарушување на биодиверзитетот во овој регион на Македонија. Наведените институции токму поради штетите во биодиверзитетот не дадоа зелено светло и за изградба на ХЕЦ „Бошков Мост“, беше нагласено во Дебатата .

Во дебатата е нагласено дека општините Дебар, Центар Жупа и Маврово – Ростуше имаат прекрасни чисти реки и езера кои треба да се сочуваат како такви. Заради заштита на водите, невладините организации од овој регион ќе продолжат да се грижат максимално за нив, и тоа со преземање на бројни активности. /крај/мн

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *