МАКФАКС

Темата Совети за правилен раст и развој на децата тема која предизвика голем интерес кај прилепчани

Темата Совети за правилен раст и развој на децата  тема која предизвика голем интерес кај  прилепчани
04.03.2017, 16:18

Во организација на родители од Прилеп по иницијатива на Катерина Ивановска Вангелова во саботата во големата сала Центарот култура „Марко Цепенков се одржа предавање на тема „Совети за правилен раст и развој на децата“.

 

Најчесто беа поставувани прашањата: Зошто е неопходно децата правилно да дишат и правилно да вежбаат?!Како да се контролираат мислите и чувства? Кои се факторите на детското здравје?! Како децата се дебелеат и како вишокот на мрсна храна го нарушува детскиот метаболизам?! Што е емоционална интелигенција и како таа помага да се развие самодисциплината, одговорноста и концентрацијата кај децата и како практикувањето јога помага во правилниот раст и развој на децата?!

На овие и други теми пред голем број присутните слушатели говореа неколку еминентни лекари, професори и доктори на наука од Македонија.

Д-р Благоја Ѓорѓиески, специјалист физијатар, професор по јога и претседател на Јога Сојузот на Република Македонија ја истакна дека „Неопходноста од прилагодување во денешницата за доброто здравје на децата од најмала возраст“.

Д-р Албена Манева Крстевска од Скопје, специјалист ортопед, дипломиран хомеопат, практичар за биорезонантна дијагностика и терапија говреше на темата „Вибрациите или резонанцијата како основен физички концепт во настанувањето и лекувањето на акутните и хронични заболувања кај децата“, додека д-р Александар Митов од Скопје, магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето, главен стручен консултант и иницијатор на кампањата на Владата се осврна на темата „Здравјето е избор“ и говореше за „Прекумерната тежина кај децата и последиците по здравјето“.

Д-р Жарко Костиќ од Скопје, пред присутните ја потенцира темата.„Како да ја разбудиме и одржиме генијалноста кај секој од нас“, а Нела Јолеска од Скопје, меѓународно сертифициран тренер и тренер на тренери за развој на емоционалната интелигенција, како и директор на ЕQ Excellence, пред присуните говореше „Како со критичкото размислување и креативноста можеме да ги развиваме талентите и емоционалната интелигенција кај децата“.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој присуствуваше на оваа интересна трибина за правилен развој на децата нагласи дека е ова ретка можност за добивање на многу искрени совети и нови научни сознанија од искуството на еминентни докторите и предавачите, кои првпат можат да се слушнат за доброто и правилниот развој на нашите деца./крај/мф/мт

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *