Акција во Битола:Донеси е-отпад, однеси награда

Акција во Битола:Донеси е-отпад, однеси награда

Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од 30 октомври до 1 ноември, организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, на плоштадот Магнолија во Битола.

 

 

Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се одржи на 1 ноември во 12 часот.

 

За време на настанот  АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.

 

Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад  во контејнери.

 

Екоцентар 97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.

 

Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција. /крај/