Невладини сектор – стоп на активностите за изградба на Луково поле и Бошков мост

Невладини сектор – стоп на активностите за изградба на Луково поле и Бошков мост

Неколку невладини организации од Дебар, Река и Скопјем како и здруженија на печалбари во Италија побараа веднаш да престанат работите околу реализацијата на Проектите Бошков Мост и Луково Поле  со цел да се заштити реката Радика и биодиверзитетот.

 

 

Исто така упатени се барања до надлежните институции да се заштити целосно националниот парк Маврово и да се прогласи под заштита на УНЕСКО, а Советот на општина Маврово Ростуше да донесе одлука да не се дозволи градба на хидроенергетски објекти на територијата на НП Маврово.

 

Проектите Луково Поле и Бошков мост не се економски проекти бидејќи штетата кои тие ја причинуваат е многу поголема, беше нагласено на средбата

 

На средбата е нагласено дека здруженијата говорат во име на народот и во име на заштитата на животната средина во најзападниот регион на Македонија. /крај/мн/