Македонија
„Шарената револуција“ против аболицијата на Иванов
Протестот на граѓанската иницијатива Протестирам позната како „Шарена револуција“ во средата беше насочен против одлуката на Претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 функционери, политичари и нивни соработници.
Вообичаено како и речиси цел месец претходно, и вечерва протесната поворка тргна од пред зградата во која е сместено Специјалното јавно обвинителство, со транспаренти против аболицијата.
Движејќи се по улицата „Мајка Тереза“ поранешна „Водњанска“ кон резиденцијата на шефот на државата каде беа попречени од кордон од интервентната полиција, ја потсетија власта дека немаат намера да се откажат од барањето за повлекување на аболицијата и побараа оставка од Иванов.
„Денеска имаме кратка порака што сакаме да ја упатиме: Никој не е над законот! На режимот не може да му се прости за криминалите што се направени! #Протестирам не ја признава аболицијата“, беше наведено во повикот на иницијативата на социјалните мрежи.
Дел од денешните барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.
Демонстрантите фрлаа со боја по постер од претседателот Иванов чија одлука за аболиција на политичарите вклучени во скандалите произлезени од нелегално прислушуваните телефонски разговори, сфатено и како атак кој СЈО, беше директниот повод за протестите.
Пред резиденцијата на Иванов ги емитуваа прислушуваните телефонски разговори во врска со апсењето на Љубе Бошкоски, како и разговорите за градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Демонстрантите извикуваа „криминалци“ и „ганстери“. Беа запалени и фотографии од поранешниот премиер, Никола Груевски./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.