Македонија
Сé уште се врши претрес на МИТ Универзитетот, студентите се повикуваат на настава
Полицијата се уште врши претрес во просториите на МИТ Универзитетот по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.
Од Обвинителството не информираат зошто се вршат претресите и за кое кривично дело станува збор со оглед на тоа дека станува збор за предистражна постапка. „Се собира релевантна документација и докази кои би може да послужат како докази во истрагата“, велат од Обвинителство од каде најавуваат дека во текот на денот ќе излезат со соопштение за акцијата.Од Министерството за внатрешни работи велат дека не знаат за каква истрага се работи и дека од нив е побарана само полициска асистенција, а постапката ја води Обвинителството. Сопственичката на Универзитетот, Билјана Апостолова, во четвртокот кога започнаа претресите во Универзитетот обвини дека се прави политичка хајка против нејзе заради тоа што јавно ја критикува власта. Таа тврди дека универзитетот работи законски и го прозва поранешниот професор на МИТ, Оливер Андонов, кој сега е дополнителен заменик-министер во МВР, дека стои зад акцијата.Андонов, пак, ѝ порача на Апостолова дека сите нејзини обвинувања изнесени за наводна политичка мотивација се крајно неосновани и упатени на погрешни адреси.„Ја упатувам госпоѓата Апостолова сите свои забелешки да ги расчисти со Јавното обвинителство, а не со барање алиби преку наводно водење политичка хајка против неа. Нејзините политички ставови се нејзина лична определба и никого не засегаат“, вели Андонов.На веб страницата на Унивезитетот има соопштение со кое се известуваат студентите дека наставата ќе се одвива регуларно.„И покрај тортурата што на 5-ти октомври 2016 се изврши врз Универзитетот и растревожувањето на нашите студенти и на наставниот кадар, Универзитетот МИТ од 6 октомври 2016 продолжува со тековните активности. Се известуваат сите студенти дека наставата ќе се одвива во регуларен тек. Бруцошите ќе следат обука за електронскиот систем, која ќе се одвива во објектот ‘Сити галери’ на плоштадот Македонија, во претходно закажаните термини“, пишува во соопштението.Универзитетот е формиран во 2007 година./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт
Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.
„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.
„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.
Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.
„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.
„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“.
Македонија
Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула – сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ
Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа во изборна единица 2 на „Коалицијата за европска иднина“ вечерва се обрати на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека не постои разлика која е недостижна.
„На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од нула. Борбата не е завршена. Секој од нас има втора шанса да се вклучи енергично, со верба во себе и во СДСМ и да го промени текот на настаните. Ова од нас го бараат нашите деца, нашата држава, ова го бараат за да им ја заштитиме иднината“, кажа Битиќи
Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.
„Една работа е јасна од првиот круг на претседателските избори, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска го достигнаа својот максимум на гласови, го достигнаа плафонот. Повеќе нема што да бараат, ниту да очекуваат од граѓаните на 8ми мај. Толку можат, ништо повеќе. А тоа не е доволно за победа на претседателските избори. Ве уверувам дека со оваа реторика која што ја има ВМРО-ДПМНЕ, со ксенофобијата на Гордана Силјановска Давкова не постојат гласови од албанскиот електорат кои тие ќе можат да ги добијат во вториот изброен круг на претседателските избори. За разлика од нив, пред нас е хоризонтот на гласови кон кој треба да се движиме на 8ми мај“, истакна Битиќи
Тој се осврна на фактот дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите. На Македонците, Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите – на сите кои се борат за европска држава.
„Упатувам повик за будење на сите прогресивни сили во нашата земја. Време е за уште повеќе средби со граѓани, да работиме за поголема поддршка, да ја испратиме нашата порака до секој еден граѓанин. Не е време за повлекување, за откажување. Обединети сме и ќе застанеме заедно – нема да дозволиме никој да ни ја раздели партијата или државата. Не се откажуваме ни од иднината а ниту од прогресивноста на заедништвото!“, истакна Битиќи.
Македонија
Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија
„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Сарај.
Според него, изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Граѓаните треба да сфатат дека одлучуваме за иднината на државата и затоа треба да излезат и да гласаат, рече Ковачевски.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со сценарија кои сме ги гледале во минатото во нашата држава. Тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Тоа е сигурен пат кон изолација наредната декада или не дај Боже за цела една генерација. И овие тензии што сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Како што гледаме, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.“
Ковачевски истакна дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина никогаш нема да се откажат од членството во ЕУ затоа што само така како држава ќе успееме да изградиме подобро образование, поквалитетно здравство, поефикасно владеење на правото, поцврста борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.