Дождлив и посвеж викенд

Дождлив и посвеж викенд

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северозападните делови (15л/м2). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, а во текот на денот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура за околу 7, а во северните делови и за 10 степени.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 5 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 8 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст. /крај/ухрм