Облачно со слаб источен ветер

Облачно со слаб источен ветер

Претежно облачно со слаб источен ветер. Во вечерните часови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег.

Утринските температури ќе се движат од -7 до 3 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје и околината облачно со утринска температура околу -1 и дневна до 8 степени.

Слаби локални врнежи од дожд и снег се очекуваат и во петок претпладне, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот ќе биде постудено со уште пониски дневни температури, а утринските во поголем дел од земјата ќе бидат негативни. /крај/ухрм