Облачно со сончеви периоди и пониски температури

Облачно со сончеви периоди и пониски температури

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне во источните делови со локален дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 4 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 10 степени.

Во текот на оваа седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе бидат во интервал од -3 до 4 степени, а дневните ќе се движат од 7 до 15 степени. /крај/ухрм