Облачно со сончеви периоди

Облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по котлините. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -4 и дневна до 6 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. Утре и во петок само во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот. /крај/ухрм