МАКФАКС

Облачно со услови за локален слаб дожд

Облачно со услови за локален слаб дожд
11.03.2017, 06:42

Променливо облачно со услови за локален слаб дожд, а на планините со локален снег. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 8 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 3 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 11 степени.

Од понеделник се очекува стабилно време со умерен северен ветер. Утринските температури во почетокот на наредната недела на места ќе бидат негативни. /крај/ухрм

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *