Облачно со услови за повремен слаб дожд

Облачно со услови за повремен слаб дожд

Променливо облачно со услови за повремен слаб дожд, на планините и на некои повисоки места слаб снег.Ќе дува умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 3 и дневна до 10 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно свежо време. Ќе има услови за слабо проврнување на локален дожд, а на планините со слаб снег. Ќе има и сончеви периоди. Температурата на воздухот ќе биде во благо покачување, а за викендот се очекува затоплување. В четврток и в петок ќе дува умерен повремено силен северен ветер особено повеќе ќе биде изразен долж Повардарието. /крај/ухрм