Променливо облачно со слаб локален дожд

Променливо облачно со слаб локален дожд

Претпладне променливо облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 5 до 16 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 12 степени.

До сабота ќе биде сончево со умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула. До петок ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела. /крај/ухрм