МАКФАКС

Сончево и топло, ново заладување во текот на викендот

Сончево и топло, ново заладување во текот на викендот
24.02.2017, 06:35

Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, во западните делови повремено засилен јужен ветер. Kон крајот на денот oблачноста ќе се зголемува.

Утринските температури ќе се движат од -2 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 0 и дневна до 16 степени.

Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за 6 до 9 степени. /крај/ухрм

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *