МАКФАКС

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
17.03.2017, 07:12

Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 9 до 19 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 1 и дневна до 15 степени.

Во сабота времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а на места утринските температури ќе се спуштат под нула. Денес ќе дува умерен, повремено засилен северен, а во сабота во западните делови повремено засилен југозападен ветер.

Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за викендот и во првите денови од наредната недела. /крај/ухрм

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *