Сервисни информации
Облачно со врнежи од снег
Облачно со врнежи од снег, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви.
Утринските температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од -3 до 4 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -3 и дневна температура околу 0.
До четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а само на крајниот југоисток од дожд и снег. Во следните два дена врнежите ќе бидат пообилни, особено од утре попладне до четврток претпладне. Снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег. Стабилизација на времето ќе има од петок. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.