Сервисни информации
Прогноза од Славчо Попоски: Во вторник и во среда обилни врнежи – во среда доцна попладне и навечер поголемо заладување
Од понеделник до среда територијата на Македонија ќе биде под влијание на силно јужно воздушно струење, во исто време ќе потпаѓаме и под изразена циклонска активност и многу влажна воздушна маса од југозапад.
Поради тоа во понеделник времето ќе биде променливо облачно и невообичаено топло за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд особено во западните предели каде ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен, на некои места повремено СИЛЕН ветер од јужен и југозападен правец.
Во вторник и во среда под влијание на многу влажна но и нестабилна воздушна маса од југ над целата територија на Македонија ќе има врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува да наврне ГОЛЕМА количина на воден талог. На некои места количината на воден талог ќе надминува 60 л/м2.
Во среда во текот на претпладнето ветерот се уште ќе биде од јужен правец но веќе почнувајќи од попладневните часови од север ќе се спушта студен воздух со што ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пат на температурите. Сево ова ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите од дожд да преминат во врнежи од снег./крај/мф/сп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 60 km/h) од југоисточен правец, особено долж Повардарието. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 18 степени.
Во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во текот на денот облачноста ќе се намали и потоа следува период на сончево и топло време со пораст на температурата.
Македонија
134 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Утре без струја населба и село Радишани
Од ЕВН Македонија АД информираат дека на ден 25.03.2024 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 09.10 до 14.30 часот, корисниците од населба Радишани и село Радишани (општина Бутел).