Сервисни информации
Во делови од Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров во среда нема да има струја
Во делови од неколку скопски општини, како Аеродром, Чаир, Ѓорле Петров, Карпош, Гази Баба и Кисела вода, одреден период од денот, во среда нема да има струја, соопшти Репуибличкиот центар за управување со кризи.
Од 8.30 до 11.30 часот, корисниците од дел од ул. „Лазар Димитров“, општина Кисела Вода, ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8.30 до 12:30 часот, корисниците од ул. „Христо Татарчев“, (поранешна „Сава Ковачевиќ“), подулици: 1, 3 и 5. ( општина Кисела Вода ) ќе бидат без струја.
Од 8.45 до 14 часот, корисниците од дел од ул. „Анри Барбис“, (околу Црквата). ( општина Гази Баба )
Oд 9 до 11 часот, корисниците од дел од с. Батинци, (десно од главниот влез во селото ) Oпштина Студеничани.
Oд 9 до 14 часот, корисниците од ул. „Скупи“ подулици 3а и ул. 5а. (општина Карпош )
Од 9 до 14.30 часот, корисниците од дел од ул. „Мијачка“, дел од ул. „Борис Сарафов“ и дел од ул. „Анастас Коцарев“. ( општина Ѓорче Петров )
Од 9 до 15 часот, корисниците од дел од ул. „Војдан Чернодрински“, Полициска Станица Бит Пазар, дел од ул. „Рифат Бурџевиќ“ и дел од ул. „Дрварска“. ( општина Чаир )
Од 9.15 до 15 часот, објектите околу од Милениумскиот Крст, Предавателите на врвот Водно, Поштенски Дом Водно, Жичара Водно, Етно Село и корисниците од Долно и Горно Нерези. (општина Карпош)
Од 10 до 12 часот, корисниците од бул. „АСНОМ“ броеви: 14, 16 и 18. (oпштина Аеродром), а од 12 до 14 часот, корисниците од бул. „АСНОМ“ броеви: 20, 24, 26, 28 и 32. (општина Аеродром)./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров во водите на Црна Река
Спасен е овчар заглавен на речен остров во надојдените води на Црна Река, заедно со неговите стотина овци, соопштија синоќа од Центар за управување со кризи.
Оттаму нагласија дека сега овчарот и овците се на безбедно место, откако се намалило нивото на водата и тие биле евакуирани.
– Центарот за управување со кризи известува дека од единствениот број за итни случаи 112, до Секторот за операции и координација, во 17:32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под селото Манастирец во општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток при производство на електрична енергија од страна на АД „ЕЛЕМ“ ПО „ХЕЦ Тиквеш Водостопанство Тиквеш“. ЦУК презеде координативни активности за да се запре протокот на вода од Акумулација „Тиквеш“ и да се намали нивото на реката, соопштија од Центарот.
Од ЦУК веднаш биле преземени сите неопходни мерки.
– Овчарот чекаше нивото на реката да се намали за заедно со неговите овци да се засолни на безбедно место. При ваков случај, било потребно три до четири часа да се намали нивото на водата. Инаку, на лице место е испратена екипа на МВР – ПС Кавадарци, а во контакт со градоначалникот на Општина Росоман е добиена потврда дека и од таму ќе биде пратена екипа, информираа од ЦУК.