Жерновски ја донираше декемвриската плата за хуманитарни цели

Жерновски ја донираше декемвриската плата за хуманитарни цели

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ја донираше својата декемвриска плата, а и вработените во општинската администрација одвоија финансиски средства и пакети со облека, средства за хигиена и храна.

Општина Центар во изминатиот период организираше низа добротворни активности за помош на 100-тина деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и живеат на територија на општината.

Околу 760.000 денари беа собрани во овие хуманитарни активности, од кои 600.000 денари се донација од самите артисти кои настапуваа на пречекот на Новата година на Сквер Јадран, организиран од општина Центар.

Граѓаните ја покажаа својата хуманост донирајќи средства на пултовите за донации, поставени на повеќе локации на централното градско подрачје.

Повеќе компании донираа средства на жиро сметката со назив “Помош за социјално загрозени групи“.

Општина Центар ги повикува сите центарци и правни лица до 5-ти февруари да донираат на жиро сметката 7820141.22078540, со називот “Помош за социјално загрозени групи“.
Средствата кои ќе бидат собрани, транспарентно и јавно ќе бидат доделени на оние на кои им се најпотребни. /крај/со/ст