Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар

Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар

 

Овластен градежен инспектор на општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, излезе на терен за да ја констатира фактичката состојба со почетокот на градењето на улицата на кејот на Вардар, со решение на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, издадено на 31-ви декември 2016-та година.

 

Овластениот градежен инспектор издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот. На градилиштето, како што пропишува законот, нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи, соопштуваат од општина Центар.

 

Целата оваа документација е неопходно да се поседува и да биде јавно истакната на градилиштето. На ова градилиште недостасува и елаборат за околчување на теренот од овластена геодетска фирма, лиценци за инженер за изведба, надзорен инженер и елаборат за заштита при работа. Затоа, овластениот градежен инспектор на општина Центар ја издаде наредбата за стопирање на градежните активности на кејот на Вардар, додаваат од општината./крај/мф/бс