МАКФАКС

Промовиран Парк на македонско-унгарско пријателство

Промовиран Парк на македонско-унгарско пријателство
17.03.2017, 18:53

Паркот во населбата Триангла, каде се поставени спомен плочите на познатиот композитор Франц Лист и лидерот на револуционерната борба за демократија и слобода на Унгарија Лајош Кошут, се промовираше во Парк на македонско-унгарско пријателство.

Пред присутните гости,меѓу кои беа и делегации од Амбасадите на Р.Србија и Руската Федерација, претставници од општина Гази Баба, жители од Триангла, свое обраќање имаа градоначалникот Тони Трајковски, амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Ласло Дукс и претседателот на здружението на Унгарците во Република Македонија „Теледом“, Јожеф Шутуш.

Делегации од општина Гази Баба, од Амбасадите на Унгарија, Р.Србија и Русија положија свежо цвеќе на споменикот на Лајош Кошут, а во музичкиот дел настап имаше ученик од ОУ „Наум Наумовски Борче“, кој отпеа изворна народна македонска песна. /крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *