Ролер-трката се одржа по шестипат

Ролер-трката се одржа по шестипат

 

Под мотото „Возиме кон иднината“, по шестипат се одржа „Ролер-трката 2017“ во која учествуваа ученици од училиштата од градот и околните населени места. Стартната позиција на трката беше пред фонтаната во Градскиот парк и движеше преку булеварот „Илинден“ сè до улицата „Никола Тесла“.

 

Организатори на настанот беа Детскиот културен центар – Карпош, во соработка со Град Скопје. Оваа ролер-трка станува традиционална и преку неа се развива ролер-спортот во Скопје. Натпреварувањето имаше две ролер-трки, во машка и во женска категорија. Најдобрите беа наградени со ролерки и заштитна опрема.Крај/мф/ем