Трајановски оствари средба со турската амбасадорка Кара

Трајановски оствари средба со турската амбасадорка Кара

 

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во четврток во оствари средба со турскат амбасадорка Тулин Еркал Кара, при што беше истакнато дека соработката на двете држави е на високо ниво, како и соработката на Градот Скопје со амбасадата на Турција во Република Македонија.

 

Трајановски истакна дека Скопје негува одлични односи и со повеќе општини во Турција, пред се со збратимените Истанбул и Маниса со коишто има одлична соработка, соопштуват од Град Скопје.

 

На средбата се зборуваше за досегашната соработка, начините истата да се продлабочи, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и состојбата со одржувањето на локалните избори./крај/мф/бс