Скопје
Зимската служба интензивно расчистува на терен
Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевари и истите во моментов се расчистени и проодни.
ЈП „Комунална хигиена“ со 100 работници на терен го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.
Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на расчистување на снегот на следните улици и булевари:
- Во општината Центар: ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Илинденска.
- Во општината Карпош: Партизанска.
- Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски.
- Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу.
- Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов.
- Во општината Бутел: Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.
- Во општината Гази Баба – булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и Благоја Стефковски
- Во општината Ѓорче Петров – улицата Ѓорче Петров.
Расчистување се врши и пред Владата и Собранието на РМ, како и на просторот пред Градската болница.
Во првата смена, во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани вкупно 100 работници, додека од механизацијата се користат: шест мотокултиватори, едно специјално возило „хијета“, како и три патарки за расфрлање сол.
Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.
Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 113 тони сол на градските булевари и улици.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.