Скопје
Минатата ноќ фрлени 60 тони сол на градските улици и булевари
Во текот на четвртокот вечерта екипите на зимската служба на Град Скопје фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, и сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.
Екипите на зимската служба на терен со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.
Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објект, порачуваат од Град Скопје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.
Скопје
Дел од општина Карпош без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.
Скопје
Град Скопје: Почна реконструкцијата на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар
Град Скопје почна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамките на проектот за санација на 36 моста, надвозници и пешачки натпатници, кои се во надлежност на Град Скопје, велат од таму.
Појаснуваат дека некои од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
„Со системско следење на надлежностите, ќе се постигнат позитивни резултат, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните, кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие ‘Улици и патишта’“, потенцираат од Град Скопје.