Контакт

Скопје

Дом за стари лица почна да се гради во Општина Илинден

Објавено пред

Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во Општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“,Ванчо Чифлиганец.
 

dobivaj vesti na viber

Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во Општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“,Ванчо Чифлиганец.

 

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4,5 милиони евра, со што ќе се овозможи отворање на 30 до 40 нови работни места.„Познат е фактот дека меѓу најзначајните надлежности на општината се издвојува локалниот економски развој и урбанистичкото планирање на просторот, преку кои на инвеститорите што сакаат да основаат свој бизнис им нудиме квалитетни и привлечни локации, меѓу кои е и оваа на која денес почнува да се гради Дом за стари лица“, рече градоначалникот Стојановски.Тој додаде дека во текот на последните неколку години вложени се значителни напори за подобрување на конкурентноста и поддршката на приватните инвестиции, што за своја програмска основа го има зајакнувањето на конкурентноста и привлечноста на Општина Илинден како средина која што е поволна за водење бизнис.„Со реализацијата на овој проект Општината останува на своите трајни определби континуирано да се грижи за потребите на своите  жители, реализирајќи ја визијата за подобар живот на сите возрасти на граѓани на Општина Илинден“, додаде градоначалникот Стојановски.Чифлиганец смета дека во Општина Илинден, со издрабата на овој дом, почнува да се реализира едно хумано дело.„Целта на ‘Адора инженеринг’ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во Општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот ‘Втора младост’, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува, да се лекува, да се рекреира, да се забавува и да си го разубави животот“, рече Чифлиганец, додавајќи дека во домот ќе живеат околу 150 возрасни лица.Чифлиганец најави дека во план е ова место да биде рекреативен комплекс кој покрај дом за живеење ќе има и многу други содржини, проект што ќе се реализира во соработка со Општина Илинден и Владата./крај/мф/бб

Скопје

ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

dobivaj vesti na viber

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Скопје

Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.

dobivaj vesti na viber

· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);

· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);

· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);

· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);

· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);

· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Скопје

Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.

ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија24 минути

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија43 минути

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија43 минути

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија44 минути

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија44 минути

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија2 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија2 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија3 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија6 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија7 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија7 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија7 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија9 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија9 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион10 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет10 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија11 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион11 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет11 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...