Скопје
Трајановски и Митровски во увид на проширување на булеварот „Партизански одреди“
Градоначалниците на Град Скопје и Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски извршија во саботата увид во градежните работи од втората фаза на проектот за пробивање на булеварот „Партизански одреди“ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле” во населбата Ѓорче Петров.
Со овој проект е предвидено на потег со вкупна должина од 500 метри, да се изврши реконструкција и проширување на постојниот коловоз, со што ќе се добие современ булевар со шест сообраќајни ленти, по три во секоја насока, со вкупна широчина на коловозот од 21 метар.
„Градежните работи за пробивање на булеварот ‘Партизански одреди’ од новиот кружен тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата ‘Свети Петар и Павле’ се одвиваат според предвидената динамика. Деновиве на терен се во тек градежните работи за проширување на коловозот на булеварот, а се поставува и атмосферската канализација. Гледано во насока од центарот на градот кон Ѓорче Петров, од левата страна на булеварот ‘Партизански одред’и се веќе уредени тротоарите, кои се покриени со бекатон-плочки“, рече скопскиот градоначалник Трајановски.
Додаде дека велосипедската патека е оформена и во текот на наредниве денови ќе се асфалтира, а се работи на оформување и на жардиниерите.
„Градежните работи на оваа делница од булеварот ‘Партизански одреди’ се очекува да завршат во јули. Со пробивањето на булеварот и поврзувањето на двата кружни тека, ќе се добие ново модерно булеварско решение, кое ќе придонесе за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот во овој дел од Скопје“, нагласи Трајановски.
Тој се осврна и за дел од останатите проекти кои оваа година ќе се реализираат на територијата на Општина Ѓорче Петров, каде ги наведе почетокот на фазната реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“, како и реконструкцијата на улицата „Волково“ в истомената населба кон заобиколницата.
Митровски, пак, истакна дека реализацијата на овој проект е резултат на одличната соработка на Општина Ѓорче Петров и Град Скопје, за што, како што рече, сведочат и голем број други капитални проекти реализирани изминативе години.
Градежните работи на овој капитален проект ги изведува „Пелагонија“ од Гостивар, додека вкупната инвестиција во овој проект измесува околу 40 милиони денари./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.