Спорт
Мурињо:Се жалат на судењето – зарем веќе го заборавија Овербо!?
Тренерот на Интер Жозе Мурињо го критикуваше однесувањето на фудбалерите на Барселона, кои оправдувањето за поразот од 3:1 го бараа во португалскиот судија Олегариј Бенкуеренк.
Тренерот на Интер Жозе Мурињо го критикуваше однесувањето на фудбалерите на Барселона, кои оправдувањето за поразот од 3:1 го бараа во португалскиот судија Олегариј Бенкуеренк. „Не сме толку близу до финалето како што може да се заклучи по овој меч, бидејќи Барселона е многу силна и помоќна на свој терен. Ќе ни биде многу тешко на стадионот Камп Ноу“, изјави Мурињо за Раи Спорт. Тој додава дека неговата екипа не требала да прими гол во 19. минута, кога Педро ги доведе Каталонците во водство од 1:0. На Мурињо не му се допаднало што неколку фудбалери на Барселона во тунелот по двобојот му приговарале на судијата за водењето на натпреварот. „Не сум задоволен од примениот гол, кој произлезе од наша грешка. Но сакам нешто да им порачам на фудбалерите на Барселона. Треба да бидат шампиони и кога губат. Наместо спортски да признаат дека Интер во овој меч беше подобар и посилен, тие го напаѓаа судијата во тунелот по двобојот. Изгледа дека веќе заборавиле на норвешкиот судија Том Хенинг Овербо, кој минатата година во мечот против Челзи ги одведе во финалето. Се чини дека немаат најдобро сеќавање“, рече Мурињо. На крајот го прокоментира и непримерното гестикулирање на својот напаѓач Марио Балотели, кого навивачите на Интер го исвиркуваа, а тој револтирано го соблече дресот и го фрли на земја. „Балотели? Во Интер сум од 2009. година, и колку пати бев критикуван само затоа што се обидував да го научам како треба да игра и да се однесува. А тој во најважниот натпревар на целата сезона направи толку грда и лоша работа“, вели Мурињо. Казна за Балотели најави и извршниот директор на Интер Ернесто Паолило. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.
Спорт
Калафиори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми
Јувентус бара нови играчи во одбраната, откако е извесно дека Бремер ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Еден од можните наследници на Бразилецот е фудбалерот на Болоња, 21-годишниот Рикардо Калафиори. Барем така сметаат во клубот, бидејќи фудбалерот не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажа славниот италијански клуб.
Играчот чија вредност според „Трансфермаркт“, скокна од пет милиони евра на 25 милиони евра од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година.
Калафиори вели дека сака да го испочитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во Јувентус.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Попрво би останал овде отколку да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.
Спорт
(Видео) При резултат 5:1, во 92.минута Тонали намерно добил жолт картон?
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) покрена дисциплинска постапка против играчот на Њукасл, Сандро Тонали (23), поради наводни прекршувања на обложувањето по неговата преселба во Премиер лигата.
За потсетување, италијанскиот играч од средниот ред веќе одлежува 10-месечна суспензија откако Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) го казни минатиот октомври поради прекршување на правилата за обложување додека беше играч на Милан.
Тонали призна дека ги прекршил правилата за коцкање во својата земја, се обложувал од 2020 до 2023 година на нелегални платформи, а неговата суспензија трае до 27 август.
Сега постапка против него покрена и ФА откако 50 пати ги прекршил правилата, обложувајќи се на фудбалски натпревари помеѓу 12 август и 12 октомври 2023 година.
Откако беше објавено дека Тонали е под истрага и од Англија, се појави видео од натпреварот Њукасл-Астон Вила на 12 август, кога тој дебитираше за „страчките“.
Тонали, беше заменет во 92.минута, а бидејќи бавно ги напушташе теренот доби жолт каротн. Инаку во тој момент Њукасл имаше предност 5:1.
— Goncalodias2 (@goncalovideoss) October 17, 2023
Многумина веруваат дека Тонали точно знаел што прави во оваа ситуација и дека намерно добил жолт картон, бидејќи се обложил. Италијанскиот играч за врска има рок до 5 април да одговори на обвинувањата на ФА.
Тонали во јули минатата година од Милан се пресели во Њукасл за 70 милиони евра, што го прави најскапиот италијански играч во историјата.