Спорт
Повредите главна тема пред СП
Честите повреди на репрезентативците пред Светското првенство, кое започнува во петок во Јужна Африка, е топ тема која денови доминира во речиси сите табори.
Честите повреди на репрезентативците пред Светското првенство, кое започнува во петок во Јужна Африка, е топ тема која денови доминира во речиси сите табори. Безмалку секојдневно пристигнуваат вести дека одредена репрезентација го загубила некој од своите адути за Светското првенство. Додека за одредени љубители на фудбалот повредите пред едно големо натпреварување се нормална работа, факт е дека во изминатото многу помалку фудбалери отсуствувале од најголемата светска смотра поради повреди. Според аналитичарите, логичен заклучок од ваквата појава е акумулираниот умор, кој што е присутен кај добар дел од играчите, заради пренатрупаната сезона. Постојаниот напредок на технологијата, се поинтензивните тренинзи и зголемениот број на натпревари го подигнаа нивото на фудбалската игра, но од друга страна поедини играчи тоа го почувствува на своја кожа. Поради тежнеењето за оптимална и што подобра изведба играчите често стануваат жртва на вложениот труд. На списокот на повредени играчи доминираат оние кои оствариле најмногу настапи за своите клубови, а најмногу повредени, дури четворица се од англискиот клуб Челзи. Реномираниот шпански спортски весник „Марка“ состави репрезентација од повредени играчи, која доколку би настапила би била многу респектабилен противник. Голман во тој тим би бил Рене Адлер (Германија), во одбранбениот ред би настапиле Хајко Вестерман (Германија), Рио Фердинанд (Англија), Кристијан Треш (Германија) и Ласана Диара (Франција), во средниот ред би играле Михаел Балак (Германија), Михаел Есиен (Гана), Џон Оби Микел (Нигерија) и Андреа Пирло (Италија) и во нападот Арјен Робен (Холандија) и Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска). Резерви би биле Паломбо (Италија) и Паласиос (Хондурас) Сепак сеуште постои можност некој од наведените играчи, да биде приспособен да настапи на Светското првенство./крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.