Спорт
Адвокат пресреќен, Јонуз разочаран од поразот
Поразот на фудбалската репрезентација на Македонија, или победата на Русија во Скопје, предизвика различни реакции кај предводниците на националните тимови, Мирсад Јонуз и Дик Адвокат.
Поразот на фудбалската репрезентација на Македонија, или победата на Русија во Скопје, предизвика различни реакции кај предводниците на националните тимови, Мирсад Јонуз и Дик Адвокат.
Белгискиот стратег на клупата на „зборнаја“ е задоволен што неговите избраници во Скопје ги освоија трите бода.
„Голот кој го постигнавме во раната фаза на мечот беше клучен за конечниот исход“, беше првиот впечаток на Адвокат. Рускиот селектор е задоволен што од двете тешки гостувања во Даблин и Скопје неговата репрезентација се враќа со освоени шест бода, нешто што според него дополнително ќе ја зголеми самодовербата кај играчите.
„ Македонија одигра исклучително добар натпревар, но на крајот мислам дека ние завршивме добра работа“, вели Адвокат кој не се согласува со костатацијата дека неговиот тим бил миленик на фортуната.
„ Не сметам дека имавме среќа. Македонија е силна репрезентација, ние знаевме дека овој натпревар за нас ќе биде многу потежок од оној против Ирска.“
На новинарско прашање да го искоментира досудениот пенал за Македонија, Адвокат кусо одговори. „ Некој ме повика од клупата така да не го видов моментов кога беше досуден пеналот, но мислам дека одлуката на судијата беше престрога.
Понесен од победата Адвокат си дозволи да им се налути на руските новинари кои го опседнуваа со прашања за првата ѕвезда Андреј Аршавин.
„ Ние одигравме тежок натпревар, забележавме победа, а вие ме прашувате за Аршавин, зошто секогаш ги гледате само лошите работи. Аршавин одигра две средби во само четири дена, затоа го заменив пред самиот крај, но неговата замена Бистров е исто така квалитетен фудбалер кој знае да одговори на поставените задачи“, заврши Адвокат.
Разбирливо сосема спортивно беше расположението на македонскиот селектор, Јонуз е задоволен од играта не и од резултатот.
„ И покрај проблемите во играчкиот состав, одсуството на неколку стандардни играчи, потоа и психолошкиот стрес кои го имавме изминатиот месец, а кој беше создаден од надворешниот фактор, можам на момците да им честитам на изворедната игра. Но кога на крај се ќе се собере една наша грешка беше клучна за поразот.“
Македонскиот селектор потенцира дека во играта се почуствало неиграњето на Пандев и Попов, фудбалери врз кои изминатите десет месеци се градела играта на репрезентацијата.
„Се почуствува во првите петнаесет минути дека во тимот има неколку дебитанти, а да се дебитира против ваков противник не е лесно. Згора на тоа немавме среќа, исто како што ја немавме ни против Словачка. Жалам што против Ерменија немавме ваква поддршка од публиката“, вели Јонуз.
Македонскиот селектор не беше задоволен ниту од арбитражата на шведскиот судија Штефан Јоханесон.
„Во првото полувреме за нас требаше да биде свирен чист пенал и да биде покажан црвен картон. Компензацијата ја направи во вториот дел кога досуди пенал, но моментот од првото полувреме беше клучен за конечниот исход.“
Преводникот на „црвено-жолтите“ не може да му забележи ништо на Илчо Наумоски за промашениот пенал, смета дека тој имал доблест да ја преземе одговорноста врз себе.
„Она што ни се случи вечерва беше вистинска несреќа имаше и солзи во соблекувалната, но дека одигравме добро покажаа и аплаузите кои ги добивме на крајот“, изјави Јонуз.
Селекторот на Македонија смета дека оваа генерација покажува дека репрезентацијата има иднина е дека со оглед на нерешениот резултат на натпреварот Словачка-Република Ирска, сите опции во Б групата до крајот на квалификациите ќе бидат отворени.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона
Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.
Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.
Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.
Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.
Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.
Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.
Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.
Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.
Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.
Спорт
(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија
Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.
Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.
Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.
И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.
Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.
Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.
Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.
Финалето е закажано за 15 мај.
Спорт
(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул
Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.
Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.
Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.
Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.
На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.
Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.
Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.
Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.
Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.