Спорт
SEAT победник на трката во Порто
Тимот на SEAT е победник на седмата трка од WTCC шампионатот која се одржа во Португалија на патеката во градот Порто
SEAT постигна одличreн пласман и одлични резултати. Со победата на Гарбиеле Тарквини во првата трка, двете победнички места на подиумот на Иван Мулер и Рикардо Рудел, како и бодовите што ги освои Хорди Гене беа пресудни SEAT да остане лидер во шампионатот.Патеката во Португалија ја зголеми неизвесноста на трката, бидејќи тимот на SEAT Sport досега се немаше натпреварувано во Порто. Подесувањето на перформансите кое беше направено по завршувањето на слободната тренинг сесија овозможи возачите да постигнат одлични резултати. Тимот повотрно успеа да поентира и да освои поени кои се од огрома важност за конечниот пласман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
И Аргентинец ќе суди на ЕП во Германија
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го објави списокот на судии на кои смета за претстојното Европско првенство во Германија.
Најмногу претставници, по двајца имаат Англија, Италија, Франција и Германија. Од судиите од регионот, во Германија ќе го видиме само Славко Винчиќ од Словенија, кој ќе работи заедно со неговите помошници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.
Словенија ќе има претставници и во ВАР-собата, Нејц Кајтазовиќ (како ВАР судија), Раде Обреновиќ и Јуре Прапротник (како помошни ВАР судии или четврти судија).
Меѓу ВАР судиите ќе бидат и Ирфан Пељто и Сенад Ибришимбеговиќ од Босна и Херцеговина.
Факундо Тељо од Аргентина доби специјална покана врз основа на соработката на УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Судии на ЕУРО:
Ентони Тејлор, Мајкл Оливер (Англија), Марко Гуида, Даниеле Орсато (Италија), Даниел Зиберт, Феликс Цвајер (Германија), Клемон Турпан, Франсоа Летексиер (Франција), Дани Макели (Холандија), Шимон Марчињак (Полска), Артур Диас (Португалија), Иштван Ковач (Романија), Иван Крузлиак (Словачка), Славко Винчиќ (Словенија), Хесус Хил Манзано (Шпанија), Глен Ниберг (Шведска), Сандро Шерер (Швајцарија) и Халил Умут Мелер (Турција) + Факундо Тељо (Аргентина).
Спорт
Коман го пропушта Евро 2024
Кингсли Коман (27), крилниот напаѓач на Баерн го повреди адукторот во 49. минута од првенствениот меч со Келн (2:0), го напушти теренот на носилки бидејќи не можеше да застане на десната нога, а се испостави дека станува збор за сериозна повреда.
Требаше да паузира неколку недели, а се испостави дека францускиот репрезентативец ќе го пропушти ЕП во Германија, дознава „Лекип“.
Магнетна резонанца утврди дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното, а од самиот почеток беше јасно дека сезоната за него е завршена, но имаше индикации дека ќе се опорави за ЕП, со оглед на тоа што селекторот на триколорите, Дидие Дешам сериозно сметаше на него.
Франција го игра воведниот натпревар против Австрија во Дизелдорф.
Инаку, Коман поради претходни повреди оваа сезона веќе пропушти 13 натпревари во сите натпреварувања, а на тоа ќе додаде уште најмалку шест, во зависност од тоа дали Баерн ќе се пласира во финалето на Лигата на шампионите.
Коман, роден во Париз, ги помина сите младински селекции на Франција, а за сениорската селекција дебитираше во 2015 година. Досега има 55 настапи со осум постигнати голови.
Спорт
Емери уште три години во Бирмингем
Раководството на Астон Вила реши да го задржи тренерот Унаи Емери. Клубот на шпанскиот тренер му понудил нов, тригодишен договор.
Вила од „јо-јо“ тим, повторно стана релевантна сила во англискиот фудбал. Оваа сеозна се бори за место во Лигата на шампионите и трофејот во Конференциската лига. Не е изнендување што управата сака да го задржи Емери кој е најзаслужен за овие резултати.
Емери и се приклучи на Вила во октомври 2022 година, кога тимот се бореше за опстанок. На крајот од таа сезона со тимот избори место во Конференциската лига, во кое оваа сезона стигна до полуфиналето.
Во лигата жестоко се бори со Тотенхем за четврто место и пласман во Лигата на шампионите. Откако Емери ја презеде Астон Вила, само Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат освоено повеќе бодови во Премиер лигата.
Унаи Емери е поранешен тренер на Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја, Пари Сен Жермен, Арсенал и Виљареал.