Спорт
Рибери навестува нов договор со Баерн
Франк Рибери навестува дека е можно да стави потпис на нов договор со екипата на Реал Мадрид.
Се чинеше дека Французинот ќе замине од Алианц Арената откако Реал Мадрид пројави силен интерес за услугите на играчот во текот на летниот трансфер период.Но Баерн остана цврсто на ставот дека Рибери не е на продажба и покрај најавите на медиумите дека Рибери следното лето, кога ќе има само уште една година од договорот со Баварците, можно е да го искористи членот 17 од правилникот на ФИФА.Но откако во Минхен пристигна Аријен Робен, и Баерн го подигна нивото на игра, Рибери повторно е среќен и навестува дека е можно да го обнови договорот со Баерн.“Клубот веќе има одредени идеи а и јас самиот имам некои идеи.” – рече Рибери.“Во фудбалот, работите често се одвиваат многу брзо. Потребен е само еден мал состанок и да се донесе одлука.”Рибери во саботата на дуелот со Борусија Дортмуд, влезе во вториот дел и постигна прекрасен погодок од слободен удар, а погодокот го прослави во прегратка со Луис ван Гал.“На почетокот не го познавав добро тренерот.”“Тој има свој начин на работа како тренер, тој е многу интелегентен и има многу искуство. На почетокот ми беше многу тешко.”“Тренерот имаше своја сопствена филозофија и мене ми беше тешко прилагодувањето.”“Ни беше потребно време да се прилагодиме еден на други и полека ја гладаме наградата од тоа трпение.”“Во Баерн се чувствувам сакан. Ме прави среќен тоа што многу важни луѓе во клубот имаат голема доверба во мене.”“Реакцијата на фановите и моето враќање исто така ме прават среќен. Тоа ми дава голема сила.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.