Контакт

Спорт

СП Кореа/Јапонија 2002

Објавено пред

Светското првенство во фудбал во 2002 година се одржа во Јапонија и Јужна Кореа од 31 мај до 30 јуни, а Бразил по петти пат стана шампион победувајќи ја репрезентацијата на Германија со 2:0

dobivaj vesti na viber

Репрезентацијата на Турција го освои третото место со победата на еден од домаќините, Јужна Кореа со 3:2. Јапонија и Јужна Кореа се изборија да бидат домаќини, победувајќи го Мексико. Во квалификациите на ова светско првентсто учествуваа 199 земји, од кои само 32 репрезентации успеаја да учествуваат на завршниот турнир. Од сите репрезентации кои се квалификуваа, Јапонија и Јужна Кореа беа автоматски квалификувани како домаќини, додека Франција се пласираше како првак од претходното првенство во 1998 година, што претставуваше последен пат шампионот директно да се квалификува за следното првенство . ПО прв пат на овој мундијал учествуваше репрезентацијата на Сенегал, Словенија, Кина и Еквадор, Во завршницата учествуваа 13 екипи од УЕФА (Европа, пет од ЦЕФ (Африка, четири од КОНМЕБОЛ (Јужна Америка), четири од АФЦ (Азија) и три од Северна Америка и Кариби. За преостанатите две места се бореа Азија против Северна Америка и Јужна Америка против Океанија. Натпреварите се играа на 20 стадиони, по десет во Јужна Кореа и Јапонија, а најголемиот стадион во Јокохама, Јапонија собираше 80.000 луѓе. Повеќето беа изградени з апотребите на Светското првенство.

ИграУште на почетокот на првенството се случи најголемото изненадување. Бранителот на титулата, Франција, без повредениот Зинедин Зидан, беше поразена во првиот натпревар со Сенегал, земја што прв пат учествуваше на мундијалите со 1:0. Јужна Кореа со победата над Шпанија во четвртфиналето по изведени пенали, е првата азиска земја која стигнала до полуфинале. Двата натпревари во полуфиналето завршија со резултат 1:0. Во првата, голот на Балак беше доволен Германија да ја совлада репрезентацијата на јужна Кореа. Балак доби жолт картон на натпреварот, па немаше право да  игра во финалето. Роналдо го постигна својот шести гол на турнирот, за победа на Бразил над Турција.

Финалето, одржано во Јокохама, Јапонија двата гола на Роналдо ја осигураа победата на Бразил против Германија. Роналдо погоди два пати во второто полувреме што му ја осигура и наградата Златна копачка. Ова беше петти шампионат за Бразил што ја зацврсти позицијата на оваа репрезентација како најтрофејна. Капитенот Кафу, кој е единствениот играч што учествувал на три последователни првенства го прими пехарот.

Проблеми со влезницитеПрвиот број влезници за Светското првенство во Јапонија и Јужна кореа беше распродаден многу брзо, по што двете земји вратија дел од влезниците наменеети за останатите земји уште во април. Но, сепак на првите два меча на отворањето на првенството се забележуваа значителен број празни седишта., по што се дозна дека Светското биро за продажба на влезници не ги продало сите и се уште ги има кај себе. Откако ФИФА побара сите да бидат пуштени во продажба, таа се одвиваше по телефон и преку интернет.  НаградиЗлатната копачка му припадна на Роналдо од Бразил со постигнати осум гола. Златната топка за најдобар играч и наградата Јашин за голмани му припаднаа на Германецот Оливер Кан. Белгија беше прогласена за фер-плеј играч, а најзабавна екипа беше репрезентацијата на Јужна Кореја. Најдобар млад играч е Лендон Донован од САД.

МаскотиАто, Каз и Ник (Сферикс) – Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ато е тренер додека Каз и Ник се играчи. Трите индивидуални имиња се избрани според предлози на корисници на интернет и купувачи во Мекдоналдс во земјите домаќини.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Брејк на Фенер во Монако и на Олимпијакос во Барселона

Објавено пред

Кошаркарите на Фенербахче и Олимпијакос славеа како гости бво Монако и Барселона, во првите плеј-оф натпревари во Евролигата.

dobivaj vesti na viber

Фенербахче, во малото кнежевство славеше по дополнителните пет минути со 95:91. Во регуларниот дел натпреварот заврши 81:81. Победата на Фенер ја засени повредата на Скоти Вилбекин, кој веројатно нема да биде подготвен за вториот натпревар.

Во победничкиот тим најефикасен беше Најџел Хејс-Дејвис со 19 поени, Ник Калатес додаде 17, а Нејтан Сестина 16 поени.

Во редовите на Монако Ели Окобо имаше 19, а Џордан Лојд и Мајк Џејмс постигнаа по 16.

Следниот натпревар се игра на истото место во петок на 26 април од 19 часот.

Олимпијакос во „Палау Блауграна“, го контролираше натпреварот од првата до последната секунда и заслужено ја победи Барселона со 77:75. Имаше Олимпијакос 13 поени предност во третиот период, Барселона се врати во мечот со серија 8:0. До крајот на натпреварот играчите на грчкиот тим ги одбија сите напади на Барселона.

Црвено-белите до брејк стигнаа со 15 поени на Најџел Вилијамс-Гос, 14 на Ајзеа Кенан, додека Петрушев имаше 12 со пет скока, а Мустафа Фал 11 поени.

Во тимот на Барселона Вили Ернангомез и Џабари Паркер постигнаа по 13 поени, Алекс Абриаес 11, а Рики Рубио 10 поени.

Вториот меч на програмата е во петок во Барселона.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија

Објавено пред

Аталанта вечерва избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.

dobivaj vesti na viber

Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.

Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.

И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.

Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.

Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.

Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.

Финалето е закажано за 15 мај.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул

Објавено пред

Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.

dobivaj vesti na viber

Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.

Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.

Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.

На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.

Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.

Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.

Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.

Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија7 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија7 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија8 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија8 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија9 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија10 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија10 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија10 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија11 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија11 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија11 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија11 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија11 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија12 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија12 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија14 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија16 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија17 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....