Спорт
Меси едноставно најдобар
Аргентинецот Лионел Меси, трет пат, во последните три години, ја освои престижната награда „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот светски играч.
Аргентинецот Лионел Меси, трет пат, во последните три години, ја освои престижната награда „Златна топка“, која ФИФА му ја доделува на најдобриот светски играч. На гала вечерта која ФИФА ја организира во Цирих, Меси до признанието стигна освојувајќи 47,88 отсто од гласовите. Зад Аргентинецот се пласираа Кристијано Роналдо и неговиот соиграч од Барселона Чави Ернандез. „Ова за мене е посебно признание и овој личен успех сакам да го споделам со клупскиот колега Чави и со сите оние кои ми помогнаа ова да го постигнам“, рече Меси за време на доделувањето на наградите.Напаѓачот на Барселона во 2011 година ги освои Лигата на шампиони, домашното првенство, шпанскиот Суперкуп, Суперкупот на Европа и Светското првенство за клубови. Меси, воедно, стана првиот играч по Мишел Платини, кој три пати по ред ја освојува „Златната топка“. Сепак, подвигот на Меси е поголем од оној на Платини, бидејќи тој истиот го оствари со само 24 години. Три пати, но не последовно, наградата ја освојувале Холанѓаните Јохан Кројф и Марко ван Бастен. Претходно, тренерот на Меси, Пеп Гвардиола беше избран за стратег на годината, додека наградата за најдобар гол, која го носи името на Ференц Пушкаш, му припадна на Бразилецот Нејмар. Дека Меси и Барселона доминираа на доделувањето на наградите потврдува и изборот на идеалниот тим на светот за 2011 година, во него има петмина играчи на Барса. ФИФА тим на светот 2011:Касиљас (Реал Мадрид) – Дани Алвеш (Барселона), Пике (Барселона), Рамос (Реал Мадрид), Видиќ (Манчестер Јунајтед) – Иниеста (Барселона), Чаби Алонсо (Реал Мадрид), Чави (Барселона) – Руни (Манчестер Јунајтед), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона). крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион
Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.
Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.
Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.
Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.
Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.
Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.