Девис куп репрезентација ги доби противниците во Созопол

Девис куп репрезентација ги доби противниците во Созопол

Девис куп репрезентацијата на Македонија ги дозна имињата на противниците на турнирот од третата Евро-африканска зона, кој на 5.април ќе започне во Созопол, Бугарија.

Девис куп репрезентацијата на Македонија во Бугарија ќе настапи во состав Томислав Јотовски, Димитар Грабул, Горазд Србљак и Шендрит Деари.

Македонските тенисери во Б групата ќе играат против Малта (5.април), Исланд (6.април) и Молдавија (7.април).

Првата позиција во групата носи пласман во баражот, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман во втората Евро-африканска зона на Девис купот.

Доколку влезе во баражот Македонија ќе вкрстува со Ц групата во која се Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн.

Трета Евро-африканска зона:

Група А. Ерменија, Бугарија, Грција
Група Б: Македонија, Исланд, Малта, Молдавија
Група Ц: Сан Марино, Албанија, Луксембург, Лихтенштајн
Група Д: Андора, Косово, Ирска, Црна Гора. крај/мф/нц