Дејан Недев „златен“ на Фудокан купот во Виена

Дејан Недев „златен“ на Фудокан купот во Виена

Дејан Недев се закити со златен медал на Европскиот Фудокан куп „Дунав 2017“, кој викендов се одржа во Виена, Австрија.

Дејан Недев на Фудокан купот во Виена најсјаното одличје го освои во категоријата кати во сениорска конкуренција.

Македонската експедиција која настапи во Виена имаше успешни настапи во помладите категории: Иван Трпковски освоил три златни медали во категориите ката, кихон и кихон ипон кумите за деца до 10 години.

По еден бронзен медал освоиле Ведран Андоновски, Димири Влахо и Гоце Гроздан во кати, во јиу ипон кумите за деца од 12-14 години.

На Фудокан купот во Австрија учествувале 160 каратисти од 14 земји. крај/мф