Макпетрол со најмногу медали на Државното карате првенство

Макпетрол со најмногу медали на Државното карате првенство

Карате клубот Макпетрол со најголем број на освоени медали го заврши учеството на Државното првенство. Макпетрол освои 12 медали, по пет златни и сребрени и две бронзи.

Макпетрол, на Државното првенство доминираше во женска конкуренција, во борби (кумите), каде што освоија пет златни медали. Во финалето во екипна конкуренција борби Макпетрол ја совладаа екипата на Металург. Металурзите на крајот од првенството завршија како второрангирана екипа во генерален пласман, но беа доминантни во машка конкуренција. Ривалитетот помеѓу клубовите Макпетрол и Металург, трае веќе две децении.

Во поединечна конкуренција Државни шампионки и медалисти од Макпетрол станаа:
1. Сара Радичевска категорија – 50 кг златен медал
2. Симона Заборска категорија – 55 кг златен медал
3. Наташа Стефановска категорија – 61 кг златен медал
4. Моника Стефановска категорија – 68 кг златен медал
5. Екипно жени борби златен медал (Заборска, Радичевска, сестрите Стефановска Наташа и Моника)
6. Петар Заборски – 75 кг сребрен медал
7. Моника Пендаровска – 55 кг сребрен медал
8. Анѓела Мојсовска – 68 кг сребрен медал
9. Селена Таушанова + 68 кг сребрен медал
10.Екипно борби мажи сребрен медал (Заборски, Павлов, Османи, Белокоски, Стојмановиќ, Јовевски)
11.Сандра Јанева – 50 кг бронзен медал
12.Анамарија Несторовска – 61 кг бронзен медал

Првенството имаше критериумски карактер за избор на сениорската карате репрезентација на Македонија, која треба да настапи на Европското првенство во Турција во месец мај.

Каратистите во наредниот период ќе учествуваат на Балканското првенство во Србија и настап на 1 Премиер карате лига во Ротердам, Холандија. После овие натпревари кои ќе завршат комплетно во месец март, ќе се знае кои каратисти ќе заминат на Европското првенство за сениори во Турција. крај/мф