ПМФЛ, 23.коло: Победи на фаворитите

ПМФЛ, 23.коло: Победи на фаворитите

Вардар и Шкендија забележаа рутински победи на гостувањата кај двете последнопласирани екипи во Првата македонска фудбалска лига, Македонија ЃП и Брегалница. Победи во 23.коло забележаа и Работнички и Ренова, а по еден бод во меѓусебниот дуел освоија Победа и Шкупи.

Вардар како гостин кај Македонија ЃП запиша рутинска победа 5:0. Стрелци на головите за лидерот во првенството беа Попов и Хамбарџумјан во првото, односно Барсегјан, Блажевски и Спировски во второто полувреме.

Шкендија во Штип славеше над Брегалница 3:1, а два гола тетовскиот тим ги постигна во последните 12 минути. Стрелци за Шкендија беа Ибраими, Абдурахими и Алими, а единствениот гол за Брегалница беше дело на Здравков.

Резултати, 23.коло:

Македонија ЃП-Вардар 0:5
Брегалница-Шкендија 1:3
Победа-Шкупи 1:1
Ренова-Пелистер 2:1
Работнички-Силекс 2:0

Табела: 1. Вардар 53, 2. Шкендија 47, 3. Работнички 39, 4. Пелистер 36, 5.Силекс 31, 6. Ренова 31, 7. Шкупи 22, 8. Победа 20, 9. Македонија ЃП 16, 10. Брегалница 11. крај/мф/нц