МАКФАКС

Прва титула во Купот за кошаркарките на Вардар

Прва титула во Купот за кошаркарките на Вардар
19.02.2017, 18:33

Кошаркарките на Вардар ја прекинаа доминацијата на Бадел 1862 и ја освоија својата прва титула во Купот на Македонија во клупската историја.

Вардарки, финалниот меч во Кавадарци го добија со резултат 69:65 (24:22, 18:15, 11:1511, 14:13).

Едина Муса постигна 23 поени и го предводеше Вардар до трофејот. Уште три кошаркарки кај победникот постигнаа двоцифрен број на поени: Ватс 11, а Ѓорчева и Деловска по 10.

На спротивната страна се истакнаа Лескароска со 20, односно Тајчевска со 17 и Пејковска со 16 поени. крај/мф/нц

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *