Ракометарките загубија од Србија во првиот контролен натпревар

Ракометарките загубија од Србија во првиот контролен натпревар

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во првиот од двата договорени контролни натпревари со репрезентацијата на Србија. Во салата, во Автокоманда, Македонија беше поразена 29:35.

Македонија и Србија го одиграа првиот од двата контролни натпревари, според договорот и двата се од затворен карактер, а Србинките победија 29:35, благодарение на подобрата игра во второто полувреме.

Вториот натпревар е закажан за в сабота од 12 часот, а ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

Дуелите со Србија се дел од подготовките на Македонија за бараж двомечот против Шведска, за пласман на Светското првенство во Германија. крај/мф/нц