Ракометарките повторно поразени од Србија

Ракометарките повторно поразени од Србија

Македонската женска ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз од селекцијата на Србија. Двете репрезентации, во петокот и саботата, одиграа две контролни среби, од затворен карактер, а по поразот 29:35, во петокот, во саботата македонските репрезентативки загубија 27:43.

Двата контролни натпревари со Србија се дел од подготовките на селекторот Симе Симевски и неговите избранички за бараж двомечот против Шведска, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство во Германија. крај/мф/нц