Филип Талески најдобар лев бек во Групите Ц и Д

Филип Талески најдобар лев бек во Групите Ц и Д

Филип Талески (20), кој по светското првенство од Металург се пресели во Рајн Некар, од страна на ЕХФ е избран за најдобар лев бек во Лигата на шампионите во Групите Ц и Д.

Металург партиципираше во Ц групата, не успеа да се пласира во осминафиналето, а Талески на 10-те натпревари постигна 41 гол. Најдобриот меч Талески го одигра против Елверум кога постигна 13 голови, а блескаше и на дуелот со Татран Прешов кога беше стрелец на 10 голови.

Покрај Талески, идеалниот тим во Групите Ц и Д го формираат: голманот на Нант Сирил Думелен, левото крило на Холстебро Магнус Браминг, средниот бек на Нант Николас Клер, Словенецот од Монпелје Јуре Доленец на позицијата десен бек, неговиот соиграч Лудовик Фабрегас кој е најдобар пикер и десното крило на Нант Давид Балагер. крај/мф/нц