Јуниорките изборија пласман на ЕП

Јуниорките изборија пласман на ЕП

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија избори пласман на Европското првенство ,кое летово ќе се игра во Словенија.

Македонските јуниорки, во конкуренција на Унгарија, Фарски острови и Молдавија, го освоија второто место во групата на турнирот кој се играше изминатите три дена во Скопје.

Во решавачкиот натпревар за втората позиција Македонија славеше против Фраските острови 23:19.

Покрај Македонија пласман на ЕП изборија и Унгарките кои забележаа победи во сите три натпревари. крај/мф/нц