Домашен
Вардар поразен кај Мешков Брест
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар не успеаја во настојувањата на коло до крајот од групната фаза да ја потврдат лидерската позција во Фрупата Б во Лигата на шампионите, откако беа поразени (26-30) на гостувањето во Белорусија, кај значително ослабената екипа на Мешков Брест.
Белорускиот шампион,имено, во саботата настапи без повредените Атман и Тјуменцев, а во последен момент остана и без унгарскиот бек Џамали, но и така ослабен Мешков Брест претставуваше неминлива препрека за Вардар кој се прикажа во неочекувано бледо издание и се чини многу резервирано.
Вардарци добро го започнаа натпреварот, но нивната доминација на гостинскиот терен траеше само во првите дваесетина минути од натпреварот, а потоа загубија ритам и со серија грешки му дозволија на Мешков Брест да ја преземе иницијативата и резултатската предност, па на крај и да слави победа. Вардар го имаат почетното водство и до дваесеттата минута водеа со гол до два разлика, што беше резултат на бзата и ефикасна игра во нападот и сигурниот Арпад Штербик на голот.
Меѓутоа, по сигурниот почеток на мечот ракометарите на Вардар влегоа во серија грешки, што му даде можност на Мешков Брест а неговите играчи и го искористија, да направат пресврт на резултатот. Откако во 21 минута домаќините го преземаа водството, до крајот на полувремето успеаја да ја одржат и на полувреме заминаа со предност 15-13.
Што се однесува до Вардар, ниту паузата не донесе промена во начинот на кој го завршија првиот дел, па домашните лесно по пет минути во второто полувреме дојдоа до предност од четири голови (18-14). Сигурниот домашен голман Иван Пешиќ придонесе за Мешков Брест да игра посигурно и да го држи натпреварот под контрола. Така, на десет минути пред крајот, Мешков Брест ја зголеми позитивата на највисоки седум гола разлика.
Вардарци до крајот останаа под своето вообичаено ниво, а Мешков Брест ја искористи шансата, ја задржа контролата и на крај ги освои двата бода кои можат да му бидат драгоцени во борбата за четвртото место во конечната разврска на табелата во групата пред осминафиналната фаза.
Игор Карачиќ и Иван Чупиќ постигнаа по пет, а Тимур Дибиров заврши со четири гола за Вардар. Арпад Штербик го заврши натпреварот со 10 одбрани. Владислав Остроушко и Џанис Криштопанс со по седум гола го предводеа нападот на Мешков Брест, а сигурен на голот на домаќините беше Хрватот Иван Пешиќ кој заврши со вкупно 14 одбрани од кои 10 ги забележа во првиот дел.
По некомплетното 13-то коло, Вардар и покрај поразот останува на првата позиција на табелата во Групата Б со 18 бода, втор е Рајн Некар Левен со 17, а на третата позиција е Кјелце со 16 и натпревар помалку. По нив следуваат Мешков Брест со 14 бода, Пик Сегед со 13, Целје со 9, ППД Загреб со 7 и Кристијанштад со 6 бода.
Последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против моментно последнопласираниот Кристијанштад, Вардар ќе го одигра на 12-ти март во Скопје./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.