Домашен
Во добра атмосфера и со голем ентузијазам ракометарите патуваат во Франција
Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе отпатува за Франција, каде на 11.јануари ќе започне Светското првенство. Македонија својот прв меч ќе го одигра ден подоцна против Тунис. Селекторот Лино Червар во Франција носи 19 ракометари, од списокот последни отпаднаа Мартин Велковски и Ласко Андоновски.
„Со ова Светско првенство започнува четири годишниот циклус, создаваме една нова репрезентација која може да го оствари сонот, Македонија да игра на Олимписки игри“, рече селекторот на прес конференцијата пред заминувањето за Франција.
Предводниот на Македонија, нагласи дека е задоволен од тоа како ракометарите одговориле на неговите барања во подготвителниот период, повтори дека не може веднаш да гарантира резултат, но дека неговите избраници ќе дадат сѐ од себе на секој натпревар.
„Стартната позиција не е ветувачка, не сакам да бидам погрешно разбран, но ние на СП не одиме со бело знаме. Мило ми е што противниците нѐ гледаат како аутсајдери во групата заедно со Ангола. Не треба да се создава притисок врз играчите бидејќи во тимот имаме голем број на дебитанти“.
„Работевме добро на подготовките. Најважно е што сите сме здрави. Физички и тактички сме многу добро подготвени, а на самите натпревари ќе се покаже дали е тоа доволно или не. Во секој случај во добра атмосфера и со голем ентузијазам одиме за Франција“, се надоврза на излагањето на селекторот, капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров.
Оваа македонската репрезентација која е спој на младост и искуство ќе претставува голема мистерија за противниците, бидејќи во подготвителниот период само еден, од трите натпревари, на репрезентацијата беше отворен за јавноста.
Червар најавува дека репрезентацијата е подготвена за плитка и длабока дефанзивна формација, а во нападот, во зависност од ситуацијата во нападот Македонија ќе игра со шестмина или седуммина без голман.
„Задоволен сум како игравме во контролните натпревари. Ракометарите го прифатија она на што секогаш инсистирам дека репрезентацијата е поголема од секој поединец. Задоволен сум од агресивноста која ја покажуваме во одбраната. Во одбраната можеме да одиграме плитка зона 6-0, но и длабока 5-1“, рече Червар.
Првиот противник на Македонија ќе и биде Тунис и тој натпревар може да го одреди патот на македонската репрезентација на претстојното Светско првенство.
„Нема да навлегуваме во прогнози и математики, секогаш излегувало спротивното кога сме се обидувале да прогнозираме. Можеме да се носиме со секого, мислам и со најсилните репрезентации, така и ќе се однесуваме, а секој меч ќе настојуваме да победиме. Во групата Ангола е аутсајдер на хартија, но сметам дека таа може да биде понезгоден противник и од Тунис“, смета Лазаров.
„Посакувам без притисок и во добра атмосфера да ги одиграме натпреварите. Стартуваме со Тунис, наш стар должник од олимписките квалификации. Тоа е само мотив повеќе да стартуваме со победа“, рече повратникот во националниот тим Филип Миркуловски.
Боите на Македонија на Мундијалот во Франција ќе ги бранат: Никола Митревски, Кирил Колев, Благојче Трајковски, Никола Маркоски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Велко Маркоски, Филип Талески, Марко Нелоски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски и Влатко Митков.
Македонија натпреварите на Мундијалот ќе ги игра во Б групата, во Мец. Првиот меч со Тунис Македонија ќе го одигра 12.јануари од 17:45 часот, потоа на 14.јануари од 20:45 часот е мечот со Ангола, два дена подоцна од 17:45 часот е пресметката со Словенија, а на 18 и 19.јануари од 20:45, односно 17:45 часот противници на македонските ракометари ќе им бдат Шпанија и Исланд. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.