Домашен
Кастратовиќ: Со агресивна игра до победа над Будуќност
ЖРК Вардар и Будуќност ќе го одиграат дерби мечот, кој ќе се одигра во рамките на петтото коло во Лигата на шампионките. Победата над Подравка во минатото коло ја подигна самодовербата, а двата порази од Будуќнот кои се забележани во изминатите шест месеци, ќе бидат дополнителен мотив за вардарки да одат на победа.
Инаку во пресрет на меѓусебниот дуел и двете екипи веќе си обезбедија место во следната натпреварувачка фаза во Лигата на шампионките.
„Прв прес на кој не морам да кажувам дека одигравме лошо. Се надевам дека девојките од натпревар во натпревар ќе бидат уште подобри. Ние во овој момент максимално се подготвуваме за Будуќност, екипа која е втора од последниот Фајнал Фоур. Мислам дека ќе излеземе со желба за надигрување и дека конечниот резултат ќе биде наша победа“, рече Индира Кастратовиќ тренерот на ЖРК Вардар.
„Будуќност игра малку исклучително агресивно во одбраната, моите девојки можеби не се навикнати на таква груба игра, нашиот дуел во Будимпешта не беше ракомет туку рагби. Се подготвуваме за сите нивни акции и се надевам дека моите девојки сфатија дека не треба да дојдат тие тука и да не ‘истепаат’, туку дека и ние можеме да одиграме цврсто и агресивно“, дополни Кастратовиќ.
За овој натпревар во тимот ќе ја нема само Јулија Николиќ, која се здоби со повреда на мечот со Подравка, додека останатите ракометарки се здрави и подготвени за мечот. Инаку во тимот на Будуќност ќе ја нема Катарина Булатовиќ која на последниот тренинг го повредила зглобот.
„Од натпревар во натпревар ја подигнуваме формата. Само ќе треба да одиграме добро во одбраната и да ги намалиме техничките грешки во нападот. Првиот натпревар во Подгорица ние не одигравме како што треба, тоа ни беше прв пат да играме заедно, а знаеме дека е тешко да се игра во „Морача“. Мислам дека сега ќе биде многу подобро“, рече Барбара Лазовиќ ракометарката на ЖРК Вардар.
Натпреварот ЖРК Вардар-Будуќност ќе се одигра в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.