Домашен
„Комити“ негираат вмешаност во инцидентот-„Ние сме дежурни виновници“
Навивачката група „Комити“ преку соопштение негира вмешаност во каков и да е инцидент по натпреварот Вардар – Шкупи, во кои неколку лица беа повредени, револитрано наведувајќи дека кај дел од јавноста е „дежурен виновник“.
„Во врска со изолираните инциденти по фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и Слога (Шкупи) сакаме да ја информираме јавноста дека навивачката група ‘Комити’ и нејзините членови ниту ги предизвикале ниту пак учествувале во нив“, стои во демантот.
Притоа се изразува зачуденост поради тоа што припадниците на „Комити“ веќе се обележани како насилниците кои нападнале и претепале недолжни „момчиња од албанска националност“ иако ниту еден од „недолжните“ не изјавил дека бил нападнат од лица кои имале клупски обележја, ниту, пак, МВР и нивната истрага не го потврди тоа.
„Затоа сите медиуми и ткн медиуми ја цитира изјавата на ‘чесниот и објективен’ уредник на Алсат – М телевизија, Мухамед Зекири дека навивачката група ‘Комити’ стои зад според него обидот за линч на недолжни Албанци во Скопје. Со чест на исклучоци, медиумите не се ни обидоа да ја сослушаат втората страна, нешто што се учи на првиот час во првиот семестар на факултетот по новинарство… Но ние сме насилници и хулигани, што знаеме впрочем!?“, стои во соопштението
„Комити“-те потсетуваат дека натпреварот беше прогласен за висок ризик и „беше изречена забарана за гостување на навивачите на Слога (Шкупи)“ и наведуваат дека „на северната трибина управата на ФК Слога (Шкупи) внесла петнаесетина нивни навивачи вклучувајќи ги и нивните водачи“.
Според „Комити“, сé до нивното отстранување од стадионот, единствена работа била да ги провоцираат останатите симпатизери и навивачи на Вардар на таа трибина.
„Тоа е недопустливо а управата на Слога (Шкупи) која апелираше преку соопштение ‘да се искорени хулиганството’ мора да понесе одговорност за овој непромислен потег. Во врска со ова, од МВР немаше никаков обид тие лица да бидат отстранети туку напротив нивната реакција беше насочена кон и против симпатизерите на Вардар“, се вели во соопштението на „Комити“.
Притоа се тврди дека безбедноста на ниту еден член на управата на Слога (Шкупи) во ниту еден момент не му била загрозена безбедноста.
„Еден час по завршувањето на натпреварот три лица биле нападнати на Плоштадот од друга група. Дали тие три лица се можеби членови на навивачката група “Шверцери“ и по кој основ се заклучи дека токму ние стоиме зад нападот? Два часа по завршувањето на натпреварот две лица се нападнати во населбата Карпош 4. Без ниту еден доказ или факт пресудено е дека наши членови го извршиле нападот“, велат „Комитите“.
„Од снимките на МВР лесно може да се види и потврди дека неколку стотини „Комити„ кои присуствува на натпреварот и го бодреа клубот си замина по натпреварот и дека немаше ниту обид за некаков обид за пресметка со симпатизери на Слога (Шкупи) или, пак, лица од албанска националност. Од друга страна, пак, нема никаква информација за групата од над стотина ‘Шверцери’ кои беа во близина на градскиот стадион и на салата Кале и за нивните “активности’ пред, за време и по натпреварот“, велат симпатизерите на ФК Вардар.
Тие истовремено изразија револт од политичката конотација на овие два изолирани инцидента а „која упорно се турка преку неколку ткн медиуми“.
„Навивачката група ‘Комити’, со години наназад нема никаква допирна точка со која и да е политичка партија во државата ниту, пак, поддржува каква било политичка опција. За нас има само една партија, а тоа е ‘Вардар’ – “Држава и нација пред книшка и партија’. Токму затоа и навивачката група е константа мета на напади од поединци, групи, институции и ткн медиуми“, се вели на крајот од соопштението. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.